Пред завршувањето на рокот, 31 мај, пријавувањето за земјоделски субвенции во Струмичко се интензивира. Најголем дел од апликациите и годинава се за пченка, оранжериско, пластеничко и производство на ран и индустриски зеленчук на отворено. Дел од барањата се однесуваат и на фуражни култури, како и на одгледување ситен добиток. Владата секоја година ја зголемува аграрната поддршка. Се поедноставуваат и процедурите за поднесување на потребните документи. На апликантите им е олеснета можноста да добијат помош за она што ќе го посеат или ќе го одгледуваат како сточен фонд. Нашите луѓе се научени да реагираат во последен момент, па и во овој случај пријавувањето станува помасовно како што се ближи денот кога се затвора огласот.
Пред завршувањето на рокот, 31 мај, пријавувањето за земјоделски субвенции во Струмичко се интензивира.
Најголем дел од апликациите и годинава се за пченка, оранжериско, пластеничко и производство на ран и индустриски зеленчук на отворено. Дел од барањата се однесуваат и на фуражни култури, како и на одгледување ситен добиток.
- Владата секоја година ја зголемува аграрната поддршка. Се поедноставуваат и процедурите за поднесување на потребните документи. На апликантите им е олеснета можноста да добијат помош за она што ќе го посеат или ќе го одгледуваат како сточен фонд. Нашите луѓе се научени да реагираат во последен момент, па и во овој случај пријавувањето станува помасовно како што се ближи денот кога се затвора огласот - велат од Подрачната единица.
Лани во Струмичко субвенции добија околу 5.500 земјоделци. Годинава се очекува надминување на оваа бројка. Според првичните процени, земјоделците од овој регион се многу помалку заинтересирани за користење на ИПАРД-фондовите зашто за пристап до овие пари е потребно сопствено учество, а голем дел од нив немаат готови пари за инвестирање.